Англискиот премиерлигаш Тотенхем хотспар објави дека има рекорден приход од 306.3 милиони фунти за сезоната 2016/17, во која имаа најдобар пласман во Премиер лигата и мечеви во Лигата на шампионите.
Стартот на новиот тригодишен договор за ТВ-права во Англија им помогна на Спарс да добијат 149.8 милиони фунти од ТВ и медиуми, огромен пораст од 94.8 милиони од претходната сезона. Во 2016/17, Тотенхем завршија како втори зад шампионите Челси.
Приходите од Лигата на шампиони и Лигата на Европа донесоа дополнителни 44.6 милиони фунти, а иако ги распродада сите натпревари во сезоната во ПЛ, тие добија 19 милиони фунти во споредба со 22.2 милиони фунти во претходната сезона бидејќи североисточниот дел на нивниот стадион „Вајт харт лејн“ се затвори на половина сезона.
Оваа година клубот настапува на „Вембли“, и е во трка со времето да го подготви новиот стадион за сезоната 2018/19, и претседателот Даниел Леви предупреди дека постојат предизвици.
„Имаме значителен прогрес на капиталните проекти, со новиот стадион и новиот тренинг-центар. Се наоѓаме во историски момент за клубот и постои голема возбуда кај сите нас“, вели Леви.
Клубот од северен Лондон исто така објави дека трошокот за новиот стадион со 62.000 седишта порасна од 115.3 милиони фунти на 315.1 милиони фунти.