Top Sport

Тотенхем со седум парчиња за петтолигашот Транмир роверс (видео)

Фернандо Љоренте постигна хет-трик, за Тотенхем да го мине 4. коло на ФА купот со убедлива 7:0 победа на гостувањето кај петтолигашот Транмир роверс, иако премиерлигашот го постигна својот прв гол во 40-тата минута.

Серж Орие го скрши отпорот на храбрите домаќини во 40. минута, по што во второто полувреме следуваше „бура“ од голови. Покрај трите гола на Љоренте, Орие додаде уште еден гол, Сон-Хеунг Мин имаше еден гол, а дури и Хери Кејн се запиша во листата на стрелците иако влезе од клупата во 75. минута заменувајќи го Љоренте.

И покрај убедливиот пораз, дуелот со Тотенхем беше нешто најдобро што му се случило на Транмир роверс во последните пет години, бидејќи клубот три години го загуби статусот на клуб од Фудбалската лига (првите пет лиги во Англија), пред оваа година да се вратат во петтата лига. Транмир роверс, инаку, се клуб од градчето Биркенхед во близината на Ливерпул и се формирани во далечната 1884 година.

Scroll to Top