Top Sport

Тотенхем станува „болница“ – Сисоко во аут барем три месеци

Проблемите со повредите на Тотенхем се зголемија, откако фудбалерот од средниот ред, Муса Сисоко го очекува пауза од најмалку три месеци по операцијата на коленото.

30-годишниот Французин ги скина лигаментите при 1:0 поразот од Саутемптон на Нова Година и се очекува да се врати на тренинзи на почетокот на април.

„Нашиот медицински тим ќе го надгледува опоравувањето на Муса, и целта е да се врати во првиот тим пред крајот на сезоната“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Сисоко имаше 26 настапи за Тотенхем оваа сезона, постигнувајќи два гола за победа над Бурнемаут и Барнли. Со повредата тој си ги влошува шансите да биде во француската репрезентација на Евро 2020. Оваа поврада доаѓа откако Хери Кејн ќе има подолга пауза поради повреда.

Scroll to Top