Тотенхем ќе се обидат да го донесат напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек во јануарскиот преоден рок на позајмица, тврди британскиот „Гардијан“, бидејќи Жозе Мурињо смета дека тој би бил совршена краткорочна замена за повредениот Хери Кејн.
Се очекува Кејн да пропушти барем месец и пол по повредата на бутниот мускул при победата над Саутемптон, а Милан се подготвени дури и да го продадат Полјакот за кого платија 35 милиони евра минатиот јануари.
Кај „росонерите“ се врати Златан Ибрахимовиќ, кого во Милано го ценат повеќе од Пјонтек, и за Полјакот, кој дојде од Џенова, се заинтересирани и Њукасл и Астон вила. Пјонтек има само четири гола во ужасната сезона за Милан.