Top Sport

Тотенхем замената за Љорис ја бараат во Манчестер јунајтед

Тотенхем се заинтересирани да го донесат голманот Дин Хендерсон во текот на летниот преоден рок, доколку Манчестер јунајтед решат да се откажат од него, тврди „ЕСПН“.

26-годишниот Хендерсон оваа сезона брани на позајмица во Нотингем форест, но има договор со „ѓаволите“ до 2025 година. Тој сака да биде редовен голман, а во Јунајтед уште немаат одлучено за иднината, бидејќи договорот на Давид де Хеа завршува на крајот на сезоната.

Тотенхем бараат замена за сегашниот број 1, францускиот ветеран Иго Љорис, кој во моментов е повреден и покрај Хендерсон заинтересирани се и за Џоран Пикфорд, кој потпиша нов договор со Евертон во февруари и би заминал само доколку „карамелите“ испаднат од Премиерлигата.

Scroll to Top