Екипите на Борнмут и Тотенхем одиграа 0-0 во натпреварот од 34 коло во Премиерлигата. Иако „петлите“ беа фаворити на хартија, домаќините се тие што можат да жалат по пресотанатите два бода кои ќе им требаат во борбата за опстанок во елитното друштво.
Пулените на Жозе Мурињо во текот на целиот меч не упатија ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, а домашните играчи двапати ја затресоа мрежата на Лорис, но судијата ги поништи погодоците.
Едниот погодок поништен поради офсајд, а другиот по ВАР асистенција затоа што имало играње со рака.
Во меч без големо резултатско значење затоа што двете екипи се во средината на табелата, Евертон и Саутемптон одиграа 1-1.
Гостите први дојдоа до водство, во 31 минута, стрелец Ингс. Три минути претходно Вард Проус не реализираше удар од белата точка во полза на „светците“.
Екипата предводена од Карло Анчелоти го израмни резултатот на крајот на првото полувреме, во 43 минута.
Стрелец на погодокот за 1-1 беше Ришарлисон.