Иконата на Рома, Франческо Тоти, рекол дека би размислил дали би се вратил во клубот доколку добие таква понуда. Тоти пред осум месеци ја напушти Рома поради несогласувањата со сопственикот Џејмс Палота.
Тоти целата кариера ја мина во Рома, од 1992 до 2017 година. По завршувањето на кариерата доби функција во клубот. Работеше како советник на спортскиот директор, меѓутоа поради сериозните несогласувања со сопственикот минатото лето ја напушти функцијата.
Рома во наредниот период ќе добие нов сопственик. Палота заминува, а новиот газда ќе биде Дан Фридкин.
Медиумите поради тоа го прашале Тоти дали би се вратил во Рома кога Палота веќе нема да биде во клубит.
„Доколку новиот газда ме контактира сигурно е ќе му се јавам. Најпрвин би проценил понудата, а дури потоа би ја донел конечната одлука“, рекол Тоти.
„Принцот на Рим“ за Рома одиграл 785 натпревари на кои постигнал 307 гола.