Top Sport

Тоти го испофали Салах: За него би платил и 200 милиони евра

Легендата на Рома, Франческо Тоти имаше само пофални зборови за својот поранешен соиграч Мохамед Салах, оценувајќи го фудбалерот на Ливерпул како еден од најдобрите 10 фудбалери на светот, и дека вреди 200 милиони евра.

Салах помина две сезони во Рома, од 2015 до 2017, период во кој постигна 34 гола и имаше 22 асистенции во 83 меча, пред во јули 2017 да биде продаден за 42 милиони евра на Ливерпул.

„Салах е еден од десетте најдобри фубалери на светот и со него имам врска која го надминува фудбалот. Меси и Роналдо остануваат на врвот, и се сосема различни играчи – Меси е технички играч, Роналдо е тимски играч. Салах покрај тоа што е голем фудбалер е и фантастичен човек, скромен, пристоен, секогаш достапен. Да бев претседател на клуб би платил 200 милиони евра за таков играч“, вели Тоти.

Scroll to Top