Top Sport

Тоти ќе стане технички директор на Рома?

Новиот сопственик на Рома, Ден Фридкин ќе му понуди на Франческо Тоти позиција на технички директор, со подоцнежно унапредување на позиција потпретседател, тврди „Калчомеркато“.

Според нивните информации, Тоти имал неколку состаноци со генералниот директор на клубот, Гвидо Фиенга и ќе се сретне со Фридкин, кога тој ќе пристигне во Италија следната недела. Новиот борд на директори ќе биде потврден во октомври, но „Калчомеркато“ тврди дека позицијата на Тоти ќе биде потврдена на 27 септември, кога му е роденден на Тоти.

Тоти беше помошник на поранешниот спортски директор Мончи во минатото, но исфрустриран поради тоа што немаше позначајна улога, тој си замина од тимот и формираше сопствена агенција за пронаоѓање на фудбалски таленти. Самиот Тоти неодамна изјави дека „еден ден“ сигурно ќе се врати во Рома и најави дека би сакал да оди на кафе со Фридкин.

Scroll to Top