Top Sport

Тоти меѓу кандидатите за нов спортски директор на Рома!

Рома почнува нова ера во својата историја, откако американскиот бизнисмен Ден Фридкин го комплетираше преземањето на тимот за 591 милиони евра од Џејмс Палота, и веднаш се појавуваат шпекулациите за можно „помирување“ на Франческо Тоти со својот клуб, по сите „глупости“ кои се случија во минатото.

Рома во моментов нема спортски директор, откако Палота пред неколку недели го отпушти Џанлука Петраки и неговата улога ја извршува генералниот директор, Гвидо Фиенга. Една опција е да се врати привремено Петраки, но италијанските медиуми шпекулираат дека две посериозни опции за постојана работа се Тоти и Ралф Рангник, откако Германецот се раздели со РБ Лајпциг, а не се реализираше трансферот во Милан.

Тоти си замина од директорската позиција во Рома по несогласувањата со Палота и формираше сопствена агенција за пронаоѓање на таленти. Тој постојано зборува за својата љубов кон клубот во кој помина цела кариера, но и за „горчината“ поради тоа што прво беше приморан да се пензионира, а потоа беше маргинализиран во клубот.

Scroll to Top