Top Sport

Тоти: Не ме контактирале, но еден ден ќе се вратам во Рома

Легендата на Рома, Франческо Тоти верува дека „порано или подоцна“ ќе се врати во Рома, но додава дека новите газди на клубот од италијанската престолнина не контактирале со него.

Тоти си замина на контроверзен начин по 25 години во клубот, по конфликтот со претходниот претседател Џејмс Палота, но вели дека не би имал проблем да се врати и да работи со новите газди, семејството Фридкин.

„Не горам со потреба за промена, бидејќи најдов работа која ме фасцинира. Но, и покрај тоа, природно е да се мисли дека порано или подоцна, јас и Рома повторно ќе се сретнеме. Не знам што носи иднината и не очекувам тоа да се случ и седејќи дома. Ако ме прашате кога ќе се вратам во Рома, ќе биде премногу директно. Ако ме прашате кога ќе е сретнам со семејството Фридкин ќе кажам: Кога ќе ме поканат на кафе. Засега тоа не се случи“, вели Тоти за весникот „Ла република“.

Scroll to Top