Top Sport

Тоти: Рома може да учи од Ливерпул

Франческо Тоти верува дека Ливерпул се „модел кој треба да се следи“ и во Рома, но во исто време не е изненаден што поранешниот фудбалер на „волчицата“ Мо Салах блесна под Јирген Клоп.

Легендата на Рома, Тоти беше дел од тимот кој беше елиминиран од Ливерпул во УЕФА купот во 2000/01 и во Лигата на шампиони во 2001/02, така што вели дека победа би била добра за егото на клубот.

„Кога ќе го слушнам името Ливерпул, помислувам на респект, на голем клуб, на големи навивачи и на модел кој треба да се следи. И покрај негативниот резултат имам добри сеќавња од мечот на ‘Енфилд’ поради страста на навивачите. Секако, сите се сеќаваме на финалето на Купот на шампиони во 1984 и би сакале да го избегнеме Ливерпул“, вели Тоти.

Сите го очекуваат натпреварот на Салах против неговиот поранешен клуб, и Тоти вели дека го следел Египќанецот.

„Салах? Оваа сезона гледав многу натпревари на Ливерпул, посебно поради Мо Салах. Од една страна ме изненадува што Салах има толку добра година во Ливерпул, но од друга страна покрај тренер каков што е Јирген Клоп, не е ниту толку чудно“, вели Тоти.

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top