Франческо Тоти се потсети на еден не толку славен момент од неговата блескава кариера, кога во мај 2010 година го „исшутира“ Марио Балотели, кој тогаш играше за Интер.
Интер го доби тој меч против Рома од 1:0, но Тоти направи еден од најбруталните фаули во неговата кариера, а годините не го сменија мислењето на Франческо.
„Кога го шутнав Балотели? Тој провоцираше со години, ме навредуваше мене и навивачите на Рома. Ми се собра и потоа сѐ експлодираше. Тоа беше ужасен фаул, единствената желба беше да го повредам. Но, чудно, никој од Интер не ме нападна по тој удар, и мислам дека тој ги нервираше дури и своите соиграчи“, вели Тоти.