Top Sport

Тоуни контра сопствениот клуб: Е.и го Брентфорд

Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тоуни е фатен во незгодна ситуација, откако на социјалните мрежи се појавија видеа на кои тој ја повторува фразата „Е.и го Брентфорд“, а од премиерлигашот најавија дека ќе има истрага за контроверзното видео.

25-годишниот Тоуни, кој има 31 гол во 45 натпревари за Брентфорд по трансферот во август 2020, оваа сезона е нивни најдобар стрелец со шест постигнати голови.

Поранешниот фудбалер на Њукасл, претходно изјавуваше дека е „воодушевен“ од Брентфорд и од квалитетите на тимот, откако помогна да се вратат во Премиерлигата со фантастични 31 гол во 45 меча во Чемпионшип.

Scroll to Top