Top Sport

Трабзон победи кај Галата за да ги врати надежите за титула (видео)

Трабзонспор стигна до 3:1 победа на гостувањето кај Галатасарај на „Турк телеком“ за да се доближи на само два поени од лидерот Башакшехир и во исто време да стави крај на надежите на тимот на Фатих Терим за титулата, бидејќи сега заостануваат 9 поени со само четири кола до крајот на сезоната.

Галата остана со играч помалку откако Софијан Фегули доби црвен картон во 32. минута, за во 41. минута Хозе Соса од пенал да ги донесе гостите во водство. Чехот Филип Новак во 70-тата минута го удвои водството на Трабзон, пред Галата да врати гол во 93. минута со удар од белата точка на Жан Сери. Веќе во следниот напад Трабзон успеа да постигне гол преку Норвежанецот Александер Сорлот.

По 30 одиграни кола во Турската Суперлига, Башакшехир се први со 63 поени, Трабзон се на второт место со 61 поен, по што следуваат Сиваспор (54), Галатасарај (52) и Бешикташ (50).

Scroll to Top