Top Sport

Трабзон се одвои на +12, Галата загуби и нема победа од октомври!

Трабзонспор стигна до драматична 1:2 победа на гости кај Алтај за да се одвои на неверојатни 12 поени на врвот на Турската Суперлига, додека од друга страна, Галатасарај загуби на гостувањето кај Адана со 2:0 за да нема победа од октомври и да е на 11. место на табелата со неверојатни 21 поен помалку од Трабзон.

Данскиот напаѓач Андреас Корнелиус постигна два гола во второто полувреме за Трабзон да победи на гости и да се одвои на 12 поени од Коњаспор и 13 поени пред Башакшехир во сезона во која на најславните турски клубови не им оди најдобро.

Младиот Јунус Акгун даде два гола за пет минути (53. и 58. минута) за шокантен пораз на Галатасарај, веќе шести оваа сезона во Суперлигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top