Со двата гола на Златан Ибрахимовиќ, Милан вчера славеше во миланското дерби против Интер со 2-1 (Лукаку прецизно стрелаше за намалување на водството).
Со новиот триумф, „Росонерите“ ја продолжија победничката низа, па по 4 кола од новата сезона имаат исто толку победи и се лидери на табелата.
Таков старт на лигашката сезона Милан имаше само четирипати во историјата – во 1950, во 1954, во 1992 и во 1995 година. Во сите тие сезони Милан ја освојуваше титулата.
„Црвено-црните“ од Милано и сезонава ќе го освојат Скудетото само ако продолжат во истиот ритам, кој почна по рестартот на сезоната, поради прекинот кој го наложи пандемијата на коронавирусот.
Милан остана непоразен на 12 меча, забележувајќи 9 победи и 3 нерешени.
? – @acmilan have won each of their first 4 matches of a Serie A season for the fifth time in club history.
2020/21
1995/96
1992/93
1954/55
1950/51They went on to win the Serie A title on all previous four occasions. #Rossoneri #InterMilan
— Gracenote Live (@GracenoteLive) October 17, 2020