Мерсед Пудиловиќ (32), фудбалер на нисколигашки клуб во Босна и Херцеговина, загина во тешка несреќа што се случи во рудник во близина на Тузла.
Пудиловиќ играше за НК „Младост Суха“, нисколигаш во Босна и Херцеговина.
Токму овој клуб се прости од него.
„Нашиот тим беше погоден од навистина тажни вести. Во несреќен случај животот го загуби играчот на нашиот клуб, Мерсед Пудиловиќ-Таран. Немаме доволно зборови да ја опишеме оваа тага и болка што нè зафати по веста дека Таран повеќе не е меѓу нас. Во име на управата, играчите и навивачите изразуваме најдлабоко сочувство до семејството“, се наведува на официјалната фејсбук-страница на „Младост“.
Текстот Трагедија го потресе Балканот, фудбалер загина во Босна и Херцеговина е превземен од МАКФАКС.