Top Sport

Трагедија во Аргентина, се самоуби фудбалерот Моро Гарсија

Aргентинската јавност уште е во шок по вестите дека Сантијаго „Моро“ Гарсија, уругвајскиот напаѓач на Годој Круз извршил самоубиство во својот стан.

30-годишниот Гарсија беше идол на навивачите на Годој Круз поради неговиот уникатен стил на игра, и имаше шпекулации дека го очекува трансфер во поголем аргентински клуб. Според аргентинските медиуми, тој подолго време добивал психијатриска помош за депресија.

Гарсија ја почна кариерата во уругвајскиот Насионал, пред да стане легенда на Годој Круз. Тој беше дел од уругвајската У-20 репрезентација на СП во Египет во 2009 година.

Scroll to Top