Top Sport

Трагедија за Кањизарес – почина неговиот петгодишен син

Поранешниот голман на Валенсија и на шпанската репрезентација, Сантијаго Кањизарес на Твитер потврди дека починал неговиот петгодишен син, Сантијаго.

„Мојот Санти почина. Си замина мирно и спокојно и ја исполни својата мисија во краткиот живот. Благодарам на сите за поддршката“, напиша Кањизарес.

Кањизарес минатата година откри дека неговиот син е тешко болен. Сопругата на Кањизарес, Мајте Гарсија исто така имаше емотивно збогување со својот син.

„Мојата љубов, мојот живот, мојот ангел. Секогаш ќе дишам и живеам за тебе. Секогаш ќе бидеш дел од мене. Те сакам“, напиша Гарсија.


Со пораки на поддршка се јавија од неговите поранешни клубови. Кањизарес беше голман на Валенсија и Реал Мадрид, а 46 пати стартуваше во шпанската репрезентација.

Scroll to Top