Ајнтрахт Брауншвајг со 3:0 го победи тимот на Мепен во третата германска лига во неделата, но мечот стана „славен“ на Интернет по неверојатната двојна утка на Мануел Јанцер.
Пет минути пред крајот на првото полувреме, крилото Јанцер доби совршена шанса да го постигне првиот гол за Брауншвајг, но некако наместо празниот гол го погоди дирекот. Додека очајуваше на теренот размислувајќи што се случило, тој успеа да го изблокира и подоцнежниот сигурен обид на неговиот соиграч.
Der Ball ist nicht im Tor. WAS??? #EBSSVM #3Liga pic.twitter.com/o7wNDva0bn
— NDR Sport (@NDRsport) March 17, 2019