Top Sport

Трајковски од Мајорка во Алборг

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Алборг. Мајорка го позајми Трајковски до крајот на сезоната, откако тој доби јасна порака од тренерот дека нема да смета на него оваа сезона.

Доаѓањето на Трајковски, го потврди клубот од Данска. Алборг, по седум одиграни натпревари во данскиот шампионат има пет поени помалку од лидерот Копенхаген.

Трајковски беше дел од македонската репрезентација на ЕУРО 2020. Во својата интернационална кариера има настапувано за Интер Запрешиќ, Зулте Варегем и Палермо.

Scroll to Top