Алесандар Трајковски се подготвува да го напушти Палермо. Според „Газета дело Спорт“ тој ќе го напушти клубот од Сицилија, но ќе остане во Серија Б.
Според овој извор новиот тренер на Салернитана, Џанпјеро Вентура, сакал да го донесе македонскиот репрезентативец во клубот.
Клубот од Салерно има големи амбиции во новата сезона, во која главна цел ќе биде пласман во Серија А.
„Газета дело Спорт“ пишува дека покрај Трајковски, поранешниот селектор на Италија Вентура, во тимот сака да го види и левото крило на Козенца, Карлос Ебало.
Покрај Трајковски, Палермо, ќе го напушти и напаѓачот Илија Несторовски, за кого медиумите во Италија тврдат дека ќе го облече дресот на Удинезе.