Александар Трајковски постигна гол, во Купот против Фуенлабрада, но тоа не беше доволно Мајорка да избори пласман во осмина-финалето.
Македонскиот репрезентативец, прв пат сезонава беше во стартниот состав на Мајорка. Тој постигна убав гол во 11.минута.
Натпреварот по 120 минути заврши 2:2, а по изведувањето на пенали во осмина-финалето се пласираа фудбалерите на Фуенлабрада.
Трајковски на теренот мина 80 минути.