Top Sport

Трамп за тренер на Арсенал бидејќи знае да гради „дефанзивен ѕид“?

Британскиот новинар и водител на емисијата „Добро утро Британија“, Пирс Морган побара од американскиот претседател Доналд Трамп да биде новиот тренер на Арсенал на местото на Арсен Венгер за да изгради „силен дефанзивен ѕид“.

Морган, кој цел живот навива за „топчиите“ исто така е лојален член на „Венгер аут“ навивачите на Арсенал, кои сметаат дека 14 години без титула од Премиер лигата се премногу. Сега, водителот се фотографираше со претседателот на САД со дрес на Арсенал со 45 на грбот.

„Моментот кога го поканувам американскиот претседател да биде наш нов менаџер, бидејќи изгради силен дефанзивен ѕид, има филозофија на напад и сака да освои трофеи по секоја цена“, напиша Морган.

Scroll to Top