Top Sport

Трансфер-стратегијата на Јуве „заборавена“ во ресторан?

Од Италија ни доаѓа една бизарна вест – спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи наводно во еден ресторан во Милано ги оставил забелешките за трансфер целите на италијанскиот шампион на која листа се Николо Цаниоло, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Федерико Киеза и Сандро Тонали.

Во најчудната приказна во зимскиот преоден рок, според весникот „Ил темпо“, Паратичи бил во ресторан во еден хотел во Милано и си „фаќал забелешки“, пред некој вработен во ресторанот да го земе ливчето на кое се напишани имињата и сумите.

Тинејџерот на Рома, Цаниоло има бројка од 40 милиони до него, играчот од средниот ред на Бреша, Тонали вреди 20 милиони, дефанзивецот на Џенова Кристијан Ромеро 20 милиони, ѕвездата на Фиорентина Киеза 50 милиони и Доминик Собослаи од Салцбург 10 милиони.

На другата страна на ливчето е името на Миралем Пјаниќ до името на Милинковиќ-Савиќ, што би требало да значи дека едниот треба да замине за другиот да дојде.

v

Scroll to Top