Еден Азар минатото лето за 115.000.000 евра го напушти Челси и се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. За многумина директорката на Челси Марина Грановскаја завршила одлична работа бидејќи успеала да ја извлече оваа сума за фудбалер кој е влезе во последната година од договорот.
Деновиве се појави информација дека Азар за многу повеќе пари се преселил во Реал. Благодарение на хакери од Јужна Кореја кои сакале да го изиграат Реал откриена е вистинската сума која „кралскиот клуб“ ја издвоил за Азар, таа изнесува 160.000.000 евра.
Челси и Реал постигнале договор сумата од трансферот на Азар „сините“ да ја добијат во три годишни рати. Откако хакерите се обиделе порано од Реал да ја извлечат втората рата откриена е реалната сума на трансферот.
Хакерите се обиделе да го измамат Реал преку поранешниот клуб на Азар Тјубиз. Според правилникот на ФИФА секој клуб во кој еден фудбалер ја минал кариерата од 12 до 23 година има право на процент од секој негов нареден трансфер.
При секој нов трансфер поранешните клубови на фудбалерот делат вкупно 5 проценти од сумата. Во случајот на Азар, Тјубиз треба да добие 800.000 евра што значи дека Реал за него платиле 160, а не 115.000.000 евра.
Реал лани платиле 40.000.000 за трансферот, оваа година треба да уплатат 56.000.000 евра, а наредната 64.000.000 евра. Пваа математика покажува дека Тјубиз лани добила 200.000 евра, оваа ќе инкасираат 280.000 евра, а наредната 320.000 евра.
Азар не се прослави во својата прва сезона во Реал, поради повредите одигра само 22 натпревари, постигнал еден гол и забележал седум асистенции.