Потенцијалниот трансфер на Цеск Фабрегас во Милан зависи од неговата сопруга Даниела Семан, тврди британскиот „Сан“, кој вели дека атрактивната Либанка сака „нова авантура“ во Италија.
Милан, под водство на новиот директор Иван Газидис, го смета 31-годишниот поранешен фудбалер на Барселона и Арсенал, заедно со Златан Ибрахимовиќ како главна цел за јануарскиот преоден рок, и сега има „адут“ во Даниела.
Италијанските медиуми велат дека Семан гледа „шанса за одлично искуство во Милан“, додека од Челси му нудат нов краткорочен договор. Фабрегас се ожени со Даниела во мај оваа година, а двојката има три деца заедно.
Фабрегас има само 11 настапи за Челси оваа година, од кои сасмо четири во Премиер лигата. Тој е слободен играч на лето, но Милан би платиле 10-тина милиони евра да го донесат уште во јануари.
Фабрегас со гламурозна свадба, гости беа и Меси, Анри и Тери (галерија)