Top Sport

Трансферот на Кајл Вокер во Баерн ги налути Ноер и Милер

Иако трансферот на Кајл Вокер од Манчестер сити во Баерн Минхен уште не е реализиран, тој предизвика проблеми во Баварија кај ветераните на клубот, Мануел Ноер и Томас Милер, тврди „Билд“.

Баерн се обидува да го добие 33-годишниот Вокер на двегодишен договор со опција за уште една сезона, со што ќе се прекрши долгорочната традиција на клубот да не се даваат долгорочни договори на фудбалери над 30 години, нешто што предизвикало лутина кај Ноер и Милер.

37-годишниот Ноер и 33-годишниот Милер исто така сакале долгорочни договори со клубот, но Ноер доби договор само до 2024, додека Милер има договор до 2025 година, и според „Билд“, управата на клубот ризикува да создаде незадоволство во соблекувалната со договорот на Англичанецот.

Scroll to Top