Јаспер Силесен се подготвува да ја напушти Барселона. Холанѓанецот од 2016 година е на „Ноу Камп“ но покрај Тер Штеген не успеа да се избори за некоја познaјачна улога во тимот.
Прашање е дали Силесен ќе може да замине од Барселона, бидејќи клубот бара за него 60 милиони евра. Бенфика покажа интерес за него уште пред еден месец, а според најновите информации тој би можел да заврши во Англија.
Доколку Силесен пристигне во Премиер лигата тоа би можело да предизвика голмански рокади во неколку клуба.
Медиумите пишуваат дека Евертон го сака Силесен во своите редови. Инаку прв голман на „карамелите“ е англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд.
Се шпекулира дека доколку Евертон го договорат Силесен дека ќе го продадат Пикфорд во Манчестер Јунајтед, што значи дека „црвените ѓаволи“ ќе мoжат да преговараат со ПСЖ околу трансферот на незадоволниот Давид Де Хеа.
Everton want to sign Jasper Cillessen ‘ASAP’. Everton ‘are in a hurry’ to make the deal happen. It's ‘almost certain’ that PSG will sign De Gea in the summer and Pickford will be the man to replace the Spaniard at Old Trafford. (Source: Sport)#EFC pic.twitter.com/UMnLGTiWOf
— The Gwladys Street (@TheGwladysSt) June 15, 2019