Арсенал и Болоња се договорија околу трансферот на Јапонецот, Такехиро Томијасу. Откако го реализираа овој трансфер, челниците на Арсенал, му дозволија на Ектор Бељерин да се пресели во Бетис.
Арсенал за услугите на Томијасу на Болоња ќе и плати 20 милиони евра. Доколку бидат исполнети сите бонуси кои се вметнати во договорот, Болоња ќе може да заработи уште три милиони евра.
„Тобџиите“, во летниот преоден рок потрошија речиси 200 милиони евра. И покрај овие вложувања, сезоната за Арсенал е кошмарна. Тимот на Артета доживеа порази во првите три кола.
Трансферот на Томијасу го избрка Бељерин од Лондон. Десниот бек ќе се пресели во Бетис на едногодишна позајмица.
Бељерин во кариерата има одиграно 239 натпревари за Арсенал.