Рускиот фудбалер од средниот ред на Динамо Москва, Арсен Захарјан нема да премине во Челси поради санкциите кон Русија, тврдат од неговит клуб. Агентот на младиот фудбалер изјави дека се блиску до договор за 15 милиони евра, но политиката застана на сонот на 19-годишниот фудбалер.
„На 25 август, Динамо доби понуда од Челси за трансферот на Арсен Захарјан. Интересот на еден од најсилните клубови на светот за фудбалер кој излезе од нашата академија ја потврдува квалитетната работа со младите фудбалери. Неколку дена имаше преговори со Динамо и Челси и ние имавме конструктивна позиција, но поради технички работи кои не се во наша контрола, трансферот не може да се оствари“, се вели во објавата на Динамо.
Според англиските медиуми главен проблем бил трансферот на 15-те милиони евра кон рускиот клуб поради санкциите кои се воведени кон Русија.