Top Sport

Тренер се обидел да се пресмета со четвртиот судија (Видео)

Тренерот на Унион, клуб што се натпреварува во најсилната аргентинска конкуренција, Леонардо Маделон, се соочува со подолга суспензија бидејќи физички се обидел да се пресмета со четвртиот судија на натпреварот помеѓу Унион и Кордоба.

Маделон, во судиското надополнување, започнал жестока расправија со четвртиот судија, а потоа тргнал да го фати за вратот. Судијата шокиран од неговото однесување му сигнализирал на главниот судија кој веднаш му покажал црвен картон на воинствениот тренер.

Излегувајќи од теренот тренерот го погодил во рамето четвртиот судија. Поради тоа сигурно ќе добие долга суспензија.

Scroll to Top