Во анкетата на тренерите во Серија А изведено преку „Италспортпрес“, Интер се посочени како апсолутни фаворити за скудетото оваа сезона, додека Милан и Јувентус добиле само по еден глас.
На прашањето за тоа кој ќе ја освои титулата, одговориле 16 од 20-те тренери, и дури 11 од нив го посочиле Интер на Антонио Конте како фаворит во 2020/21, додека Синиша Михајловиќ (Болоња), Чезаре Прандели (Фиорентина) и Клаудио Раниери (Сампдорија) решиле да не се објави нивниот одговор.
За Интер гласале: Џанпјеро Гасперини, Пипо Инзаги, Еузебио ди Франческо, Симоне Инзаги, Стефано Пиоли, Џенаро Гетузо, Фабио Ливерани, Роберто де Ѕерби, Марко Џампаоло, Лука Готи и Иван Јуриќ.
Само двајца тренери именувале друг клуб за скудетото – Џовани Стропа од Кротоне гласал за својот поранешен клуб Милан, додека Винченцо Италијано од Специја верува во Јувентус.