Top Sport

Тренерот на Ајакс ја прозива Барса: Што правите со Де Јонг?

Еден од најталентираните фудбалери на планетата, Холанѓанецот Френки де Јонг (22) стигна ова лето во Барселона од Ајакс за 75 милиони евра, но и понатаму трае неговиот процес на прилагодување на силното натпреварувачко темпо во Шпанија.

Де Јонг има солидни настапи, викендов постигна гол против Бетис, но на неговиот екс тренер од Ајакс, Ерик тен Хаг не му се допаѓа како Барса го користи неговиот потенцијал.

Стратегот, кој и самиот беше споменуван како опција за клупата на Каталонците, го критикува новиот тренер на Барса, Кики Сетиен затоа што не го користи како последен во средниот ред, позиција на која се прослави во Ајакс. Сетиен се повеќе го користи младиот фудбалер во офанзива.

„Тој не е фудбалер кој дава голови. Тој е играч кој е задолжен да ги `храни` своите соиграчи, кои потоа имаат асистенции и даваат голови. Би сакал и понатаму во тимот да ги имам Де Лихт и Де Јонг, барем уште една-две години, затоа што тоа би било подобро за холандскиот фудбал“ – порача Тен Хаг за „Ziggo Sport”.

Френки де Јонг оваа сезона, досега одигра 32 меча за Барселона. Неговиот учинок е 2 гола и 4 асистенции.

Scroll to Top