Шпекулациите дека Лионел Меси ќе го комплетира трансферот во Саудиска Арабија во тимот на повеќекратниот шампион на оваа земја, Ал-Хилал се зголемија, отако тренерот на клубот, Рамон Дијаз не сакаше да ја отфрли таа можност за следната сезона.
Договорот на легендарниот Аргентинец со Пари Сен-Жермен завршува на крајот на сезоната, а шпекулациите велат дека тој има повеќе понуди – од својот стар клуб Барселона, од МЛС тимот на Интер Мајами, но и од Саудиска Арабија за неверојатни 400 милиони евра по сезона.
Дијаз, кој го подготвува тимот за финалето на Кралскиот куп на шампиони против Ал-Вехда, вели дека засега нема коментар.
„Сега се подготвуваме за финалето, а по него ќе видиме што ќе се случи“, изјави Дијаз.
Денеска, шпанските медиуми тврдеа дека Меси речиси сигурно ќе ја избере Саудиска Арабија, но само ако му ги донесат поранешните соиграчи од Барселона, Жорди Алба и Серхио Бускетс.