Динамо Загреб, синоќа, испушти добра шанса да направи значаен чекор кон пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите. „Модрите“ имаа 3:1 против Шахтјор, но во судиското надополнување примија два гола, вториот од пенал во 97 минута.
Поради се она што се случувало во финишот на натпреварот тренерот на Динамо, Ненад Бјелица, бил видно изнервиран на прес-конференцијата.
„Доколку не сакаат да гледаат снимки, тогаш што ќе им е ВАР? Секогаш велам дека ВАР е ср..е! Ги убива емоциите, ја убива играта. Тоа е циркус. Видете каков циркус е во Англија, во Италија исто така. И понатаму толкувањето на спорните одлуки се сведува на проценка. Тогаш што ќе ние ВАР? Укините го ВАР, јас сум апсолутно против него, го убива фудбалот“, рекол Бјелица.
Тој признал дека пеналот во судиското надополнување на времето, по прекршокот над Пјатов постоел, но…
„Зошто имаме ВАР? Во таа ситуација прво свиреше фаул врз Тајсон, а потоа се врати на нешто друго. Да се разбереме прекршокот што го направи Теофило над Тајсон е чист пенал, но судијата гледаше ВАР и даде пенал за друга ситуација. ВАР е циркус и тоа е скандалозно“.
Динамо има пет бода во групата колку што има и Шахтјор, но Украинците имаат подобра меѓусебен скор. До крајот двата тима ќе играат против Аталанта и Манчестер сити.