Top Sport

Тренерот на Џенова не разговара со својата шведска сопруга!

Новиот тренер на Горан Пандев во тимот на Џенова, Давиде Балардини открива дека не зборувал со својата сопруга, која доаѓа од Шведска по поразот од Италија од 1:0 во петокот.

Италија сега мора да се „поти“ вечерва на „Сан Сиро“ ако сака да избегне првпат од 1950 да не се пласира на Мундијалот. Балардини открива дека бил бесен по поразот.

„Не сум зборувал со мојата сопруга од петокот. Неколку дена само ми кажува: ‘Исплашен си, нели?’. Швеѓаните уживаат да не стават во вакви услови, да не гледаат како страдаме, но можат да бидат среќни само за тоа. Ако Шведска ги победи Франција, Холандија и Италија, тоа е поради нивната искреност, посветеност и скромност. Освен Форсберг немаат други многу квалитетни фудбалери“, вели Балардини во интервју за „Ла република“.

Scroll to Top