Тренерот на шампионот на Јужна Америка, Фламенго, Жорге Жесус доби орден од неговата португалска татковина откако само по шест месеци на клупата на славниот клуб успеа да им донесе бразилска титула и трофеј од Копа Либертадорес.
Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса потврди дека Жесус му го додели медалот на Жесус.
„Секако, јас и мојот тим не изборивме независност на Бразил, туку на 23 и 24 ноември освоивме две титули и ќе влеземе во историјата на свој начин. За 50 години ќе кажат, Португалците беа први кои го освоија Либертадорес и бразилската титула“, изјави Жесус.
65-годишниот Жесус беше пречекан со критики од бразилските фанови кои сметаа дека нема да може да се адаптира на бразилскиот стил на игра, но тој го направи чудотото – прво им ја донесе првата титула од Копа Либертадорес по 38 години, а 24 часа подоцна беа потврдени како шампиони во Серие А, по што во финалето на Светското клупско првенство загубија во продолженија од Ливерпул.
Жесус претходно шест години работеше со Бенфика и три во Спортинг Лисабон, и претседателите на двата клуба беа присутни на церемонијата.