Натпреварот од втората германска Бундеслига помеѓу Дармштат и Кајзеслаутерн бил прекинат бидејќи тренерот на гостинскиот тим Џеф Штрасер во текот на мечот имач срцев удар.
Штрасер (43) неколку минути претходно се пожалил дека не се чувствува добро, а потоа веднаш бил хоспитализиран.
„Драги навивачи, веројатно знаете дека нашиот тренер имаше здравствени проблеми. Тој се наоѓа во болница поради детална контрола“, објави Кајзерслаутерн.
Штрасер како играч го носеше дресот на Кајзерслаутерн во периодт од 1999 до 2002 година, а тренер на екипата стана во 2017 година.
„Иако многу го сакаме фудбалот, во животот има и мнгу поважни работи“, соопшти фудбалскиот клуб Дармштат.