Top Sport

Тренерот на Мајорка во конфликт со Меси: Некои луѓе живеат во меур од сапуница!

Лионел Меси освен што им даде три гола на Мајорка при убедливата 5:2 победа и „гол-шоуто“ на „Ноу Камп“ имал и интересен дуел со тренерот на противничкиот клуб, Висенте Морено.

При првиот гол на Анте Будимир, Меси беше „фатен“ одзади во близина на тренерската клупа на Мајорка. Додека бараше жолт картон, Морено му префрли нешто на Аргентинецот и само интервенцијата на Иван Ракитиќ спречи некаков конфликт.

Морено призна дека не му се допаѓала реакцијата на освојувачот на шест „Златни топки“.

„Некои фудбалери живеат во меур и од такви луѓе не можеш да бараш разум. Тој е поинаков фудбалер на некои начини, но на други е сосема обичен човек и треба да се однесуваме кон него така. Судијата му кажуваше дека не е фаул, а тој беше подготвен за расправија. Тоа е тоа, не е потребно дополнително внимание“, изјави Морено.

Scroll to Top