Top Sport

Тренерот на Валенсија имал сообраќајна несреќа

Тренерот на Валенсија Марселино Гарсија Торал бил хоспитализиран откако со својот авотмобил удрил дива свиња.

52-годишниот тренер, во саботата, по натпреварот на Валенсија со Виљареал (0:1), Марселино од Валенсија се упатил кон Виљависиоза во покраината Астурија која се наоѓа во северниот дел на Шпанија, за да го прослави Божиќ со своето семејство.

На патот помеѓу Логроно и Билбао тој со својот автомобил удрил дива свиња, а потоа бил хоспитализиран. Прегледите покажале дека тој минал со полесни повреди, а неговиот клуб Валенсија соопшти дека веднаш бил отпуштен од болницата.

Валенсија и покрај поразот од Виљареал остана на третото место на табелата во Ла Лига со 34 бода, два помалку од Атлетико и 11 од лидерот Барселона.

Scroll to Top