Top Sport

Тренерот што предводи тим – „убиец на фаворити“ збесна по новинарско прашање!

Хрватскиот стратег на кормилото на калчолигашот Верона – Иван Јуриќ даваше изјава по синоќешното реми на својот клуб во Неапол, но славјето му го расипа новинар на „Skaj Sport“.

По мечот Јуриќ требаше да му даде изјава на Масимо Уголини долу на теренот во Неапол.

„Јуриќ – вечерва пресудивте кој ќе оди во ЛШ. Наместо Наполи, таму го испративте Јувентус. Вашата Верона вечерва беше потполно поинаква од изданијата кои ги гледавме минатите недели. Колку ви беше тешко? – започна новинарот.

Тренерот бесно одговори:
„Одма на почетокот – огромно ср.ње. Мора да ја почитувате Верона, не може да зборувате така за нас. И мора да ги гледате натпреварите на Верона во текот на целата сезона“.

Новинарот возврати:
„Дозволете да завршам“.

Јуриќ не го дочека:
„Не, нема да завршите. Нема да зборувам со вас затоа што мора да покажете почитување, не ме почитувате“.

Уголини се обиде повторно:
„Јуриќ, вие не ме почитувате мене, не ми дозволувате да поставам прашање. Факт е дека Верона вечерва играше поинаку за разлика од последно време“.

По ова Јуриќ комплетно полуде:
„Доста, си одам. Не ја земавте во предвид состојбата во која е Верона во последно време, немате почитување. Нашата екипа секогаш давала се од себе. Вашиот став и начин на поставување прашања е погрешен. Само во Италија може да се поставуваат вакви прашања. Мора да ми се извините поради ова ваше срамно однесување“.


Фактот говори дека Верона сезонава продолжи со одличните игри против големите екипи во Серија А (двапати реми со Јуве и нерешено кај Милан). Поради тоа екипата има примат на „убиец на фаворити“.

Scroll to Top