По Тијаго Алкантара и Садио Мане уште еден играч на Ливерпул е позитивен на коронавирусот. Станува збор за Џердан Шаќири кој во летниот преоден рок не успеа да замине од „Енфилд“.
Информацијата дека Шаќири има коронавирус ја објави Фудбалскиот сојуз на Швајцарија. Според овој извор фудбалерот немал никакви симптоми и се наоѓал во самоизолација. Шаќири цела година не играше за репрезентацијата, откако лани во јуни побара одмор од репрезентативните обврски.
Швајцарија во среда ќе одигра пријателски натпревар со Хрватска, а потоа ќе офигра два натпревари во Лигата на нации, против Шпанија во сабота и Германија во вторник.