Top Sport

Третото засилување за Рома е Кристанте

Рома го официјализираше трансферот на играчот од средниот ред, Брајан Кристанте од Атланта во договор кој на крајот може да ги чини 30 милиони евра.

Рома потврди дека платиле 5 милиони евра за следната сезона Кристанте да игра како позајмен играч, пред да се искористи опцијата за купување за 15 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра во бонуси за перформанси.

23-годишниот Кристанте веќе се појави со шал на Рома во клиниката „Вила Стјуарт“ во Рим, отфрлајќи ги понудите на Јувентус, Интер, Лацио и Наполи. За Аталанта пак, ова ќе биде одличен профит, откако го донесоа Италијанецот кој е роден во Канада од Бенфика за само 5 милиони евра.

Кристанте, кој јуниорските денови ги мина во младинската академија на Милан, беше продаден за 5.2 милиони евра на Бенфика во септември 2014 година. Оваа сезона, Кристанте постигна 12 гола и имаше четири асистенции во 47 меча за Аталанта.

Спортскиот директор на Рома, Мончи, веќе ги обезбеди потписите на Анте Чориќ од Динамо Загреб и Иван Марсано од Порто.


Scroll to Top