Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, имал многу примедби на судењето на синоќешниот меч во Супер купот на Италија. Милан, и Јувентус играа во Џеда, Саудиска Арабија, а пресметката заврши 1:0 за „црно-белите“.
Милан и Гаутзо сметаат дека биле оштетени од судијата Лука Банти. Според нив Роналдо бил во офсајд кога го постигнал голот и дека не досудил пенал во финишот по дуелот помеѓу Конти и Емре Џан.
Лутината го држеше Гатузо и по враќањето во Милано, каде експедицијата на Милан ја чекаа голем број на новинари, новинарот на „Телеломбардија“ остана без својот мобилен телефон.
? #Gattuso fa cadere il telefono di un giornalista ? pic.twitter.com/D2D0CsnH7C
— Il Corriere del Calcio (@IlCorrDelCalcio) January 17, 2019