Навивачи на ЦСКА Москва кои патувале за Белград на првиот натпревар во рамките на 1/16 финалето во Лига Европа против Црвена звезда биле уапсени во Будимпешта.
Како што пренесоа руските медиуми повикувајќи се на официјалната навивачка страница на навивачите на ЦСКА, седуммина навивачи во возот кој сообраќал на релација Дебрецин-Будимпешта имале вербална расправија со група Унгарци. Тие повикале засилување и на железничката станица во Будимпешта дошло до физичка пресметка помеѓу навивачите на ЦСКА и 20-тина Унгарци.
Според унгарските медиуми Русите биле опремени со ножеви, а по бркотницата реагирала и полицијата. Сите навивачи на ЦСКА биле уапсени.
Црвена звезда и ЦСКА првиот натпревар од двомечот ќе го одиграа вечерва во Белград со почеток во 18 часот.