Top Sport

Три големи грешки на судиите во ЛШ (Видео)

Синоќа со натпреварите во групите Е,Ф, Г и Х за почна 28 сезона во Лигата на шампионите. Наполи го доби Ливерпул во дербито, Борусија и Барса одиграа без голови, Валенсија ги однесе бодовите од „Станфорд Бриџ“, а во Салцбург беа постигнати осум гола.

Отворањето на сезоната донесе и неколку големи судиски грешки, иако од оваа сезона во Лигата на шампионите во употреба е ВАР-системот.

На натпреварот во Лондон, помеѓу Челси и Валенсија (0-1) според е стартот на Кокелан врз Маунт во 16 минута. Играчот на Валенсија брутално стартуваше, доби само жолт картон, а Маунт ја напушти играта и веројатно го очекува подолга пауза. Судијата во оваа ситуација воопшто не се консултираше со ВАР.

Барселона успеа да освои бод во Дортмунд. Пораз на Каталонците спречи голманот Тер Штеген кој имаше неколку брилијантни интервенции. Германскиот голман одбрани и пенал во второто полувреме.

Коментарите се дека Тер Штеген не ги почитувал правилата кога го бранел пеналот, односно дека со двете нозе бил пред гол-линијата и пред Ројс да ја шутне топката. Според правилата барем една нога на голманот мора да биде на гол-линијата во моментот кога ќе биде упатен топката.

Судиите од ВАР-собата не се огласија и во овој случај.

Спорниот момент од мечот Борусија-Барселона може да го погледнете ТУКА.

Наполи и Ливерпул одиграа одличен меч на „Сан Паоло“, кој лошо го водеше Германецот Феликс Брих. Судијата досуди пенал за Наполи во 82 минута иако речиси и да нема контакт меѓу Робертсон и Калјехон.

Спорниот момент од дуелот на „Сан Паоло“ може да го погледнете ТУКА.

Scroll to Top