Top Sport

Три клуба се интересирале за Јовиќ

Каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека три клуба се заинтересирани за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ. Овој извор тврде дека Реал биле подготвени да го продадат напаѓачот за 35 милиони евра, што е за 25 милиони евра помала сума од онаа што клубот пред една година ја издвои за неговиот трансфер од Ајнтрахт.

Два клуба од Премиерлигата (Лестер и Челси) и еден од Серија А (Милан) покажале сериозен интерес за Јовиќ.

Лестер барале напаѓач кој ќе биде „бекап“ за 33 годишниот капитен Џејми Варди. Улогата на Челси е малку нејасна во целата приказна бидејќи за наредната сезона Френк Лампард веќе има тројца напаѓачи: Тимо Вернер, Тами Ејбрахам и Оливие Жиру.

Милан од друга страна сакале да го донесат на позајмица една сезона, а дури потоа да го откупат неговиот договор. На „Сан Сиро“ сметале дека Јовиќ би бил идеална замена за Златан Ибрахимовиќ кој најави дека ќе го напушти клубот.

Јовиќ сезонава настапил на 25 натпревар за реал, постигнал само два гола.

Scroll to Top