Повеќе од три милиони туристи, односно фудбалски фанови, ја посетиле Русија за време на одржувањето на Светското првенство, рекол премиерот на Русија, Дмитри Медведев, ден по завршувањето на Мундијалот.
„Ова е речиси двојно повеќе од гостите што ја посетија Русија за време на одржувањето на Зимските олимписки игри“, ја пренесува изјавата на премиерот Медведев агенцијата „Интерфакс“.
Русија за време на одржувањето на СП дозволи влез во земјата без визи.
Медведев истакнал дека напливот на странските гости во Русија имало позитивно влијание на перцепцијата што светот ја има кон Русите и нивната земја.
Русија, во изминатите 30 дена во 11 градови го организираше 21.Светско првенство во фудбал.
foto: epa